Драма во Кавадарци: Се запали зграда - пожарникарите го гаселе пожарот со часови

Утрово околу 1 часот по полноќ пожар зафати стан и поткровје од зграда во строгиот центар на Кавадарци.

Во пожарот нема повредени лица, направена е само материјална штета. Се утврдуваат пришините за пожарот.

- Пожарот  беше изгаснат и не се дозволи негово ширење на останатите станови од зградата. Гасевме до 05 часот  уторо со две противпожарни возила и 4 пожарникари. Ни помогна и противпожарната единица на „Фени индустри“ со едно возило и двајца пожарникари, информира командирот на територијалната противпожарна единица, Илчо Богевски. 

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега