Драма во ковид центарот во Скопје - пациент не дозволувал медицински персонал да влезе во неговата соба

Нарушување на јавниот ред и мир со агресивно однесување кон медицинскиот персонал вчера во СВР скопје било пријавено од страната на обезбедувањето на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР. 

По интервенција на полициски службеници, опремени во заштитна облека, лицето се смирило и констатирано е дека станува збор за 60-годишниот С.В. од Куманово, кој не сакал да ги пушти медицинските лица да влезат во неговата болничка соба. 

Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.4 од ЗППЈРМ, а С.В. ќе остане на понатамошно лекување во центарот, соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2020 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега