Драма во Македонија: Ловџија завршил со куршум во градите

Во Полициската станица Струмица било пријавено дека во 08.00 часот на место викано „Чепели“, атар на село Раборци, струмичко, 64-годишниот Н.Н. од Струмица, додека бил на лов заедно со други лица, бил погоден од ловен патрон во пределот на градите.

Според пријавеното, патронот бил испукан од М.Ш.(69), со кого биле заедно во лов, но го погодил Н.Н. кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега