Драма во Париз: Полицијата објавила дека вооружен човек шета низ трговски центар- зградата евакуирана (ВИДЕО)

Во тек е полициска акција во трговски центар во париската деловна област „La Defans“, поради извештајот дека вооружен маж шетал низ трговскиот центар, објавено е на Твитер на полициската управа, а пренесе Ројтерс.

Поради деталната полициска акција, трговскиот центар беше испразнет, ​​а метро станицата привремено затворена.

Полицијата го евакуираше трговскиот центар во западен Париз.

Во пораката објавена на Твитер, полицијата ја замоли јавноста да ја избегне областа додека тие спроведоа операција за проценка на заканата во центарот.

Бројни снимки од местото на настанот почнаа да кружат на социјалните мрежи. Тие покажуваат дека полицијата спроведува истрага, додека одредени области на трговскиот центар се затворени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа