Драма во прилепско: Се степале четири лица, па еден од нив извадил пиштол и пукал

 

Четири лица во прилепско по расправија, физички се пресметале, а еден од нив извадил пиштол и пукал.

„Вчера вечер во 22 часот и 30 минути во ОВР Прилеп, Р.Р.(45) од Прилеп пријавил дека во неговиот дом на улица „Дебарца“ во Прилеп, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот и неговиот син И.Р., од една страна, и  И.В. и Е.Н., од друга страна, со кои пријавителот се познавал, по што во еден момент И.В. извадил пиштол и испукал во воздух“ велат од полиција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега