Драма во Приштина: Eдногодишно дете проголтало играчка

Лекарите на УКЦ во Приштина успеале да му го спасат животот на едногодишното дете, кое проголтало дел од пластична играчка.

Во објава на страницата на „Фејсбук“, УКЦ наведува дека дел од играчката го блокирала душникот на детето ставајќи го неговиот живот во опасност.

Детето било спасено со брзата интервенција на итната помош, која го префрлила на Одделот за оториноларингологија, каде што лекарите успеале да ја извлечат играчката ослободувајќи му ги органите за дишење.

Лекарите апелираат и ги советуваат родителите да не ги оставаат децата сами и да не им даваат играчки или ситници, кои би можеле да ги голтнат и да им го загрозат животот.

13.02.2024 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега