Драма во програма во живо: Давајки интервју, убавата одбојкарка се сруши пред камерата

Камерите на една бразилска телевизија одбележаа драматичен момент по дадена изјава на една одбојкарка од Сао Паоло.

На финалето од одбојкарската Суперлига во Сао Паоло, олимписката шампионка Жаклин Карваљо додека даваше интервју за телевизијата, на момент се изгуби и целосно крахираше, по што падна на земја.

Тоа беше крајно драматичен момент, а по брзата интервенција на лекарската екипа, Жаклин Карваљо се вратила во нормала.

Нема објавено причина зошто се случил овој момент, но се претпоставува дека оваа шампионка имала проблем со притисокот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.04.2019 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега