Драма во Скопје: Двајца Американци искршиле цела кафеана па се обиделе да го нападнат сопственикот

Двајца американски државјани рано утрово биле приведени од полицијата откако почнале да демолираат една кафеана во скопско Козле.
Според информациите, тие се обиделе да го нападнат и сопственикот

„На 06.12.2021 во 02.00 часот на ул.„Миле Поп .Јорданов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Ф.(30) и Е.Џ.Ш.(27), двајцата од САД, затоа што претходно се однесувале агресивно и оштетиле дел од инвентарот во угостителски објект на наведената улица, а се обиделе и физички да го нападнат сопственикот. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. “ - велат од МВР

06.12.2021 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа