Драма во Скопје: Го следеле низ градот, па со пиштол му се заканувале пред пријателите - уапсено едно лице

Момче од Скопје преживеало вистинска драма во текот на вчерашниот ден.

Вчера  во 09:30 часот во Полициската станица Аеродром, 23-годишниот Д.П. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 03:30 часот, додека се движел по булеварот Кузман Јосифовски Питу со своето возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки со негова другарка, во близина на железничката станица, а потоа и кај трговскиот центар Бисер биле пресретнати од патничко возило „Киа“ и од него излегле три лица. Возачот извадил легитимација и лажно се претставил дека е полициски службеник, по што му ги зел телефонот и документите. Потоа Д.П. заминал кон паркот во Ново Лисиче, каде требало  да се види со пријатели, но тука дошле и лицата со возилото „Киа“ и од неговите другари побарале документи. Едно од лицата физички го нападнало Д.П. и му се заканувало со пиштол. Веднаш по пријавата преземени се соодветни мерки и активности и во полициска станица е приведен 25-годишниот Г.С.. 

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесени соодветни поднесоци. 

 

 

 

 

12.10.2018 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега