Драма во Скопје: Малолетничка донесена на Клиника со прострелна рана во главата

Вчера во 14 часот и 45 минути во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било донесено малолетно женско лице со повреда во главата од огнено оружје.

Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за 15-годишно девојче, кое во семејната куќа во Скопје било пронајдено од нејзиниот брат П.С.(18) со прострелна рана, а во нејзина близина имало пиштол „Црвена застава“, сопственост на нејзиниот татко М.С.(58), кој го поседувал со дозвола.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега