Драма во Тирана: Маж се обиде да се запали

40-годишен маж се обиде да се запали денес во Тирана за време на молитвата по повод почетокот на Курбан Бајрам, соопшти албанската полиција.

Како што се наведува, маж идентификуван под иницијалите Б. Г. се испрскал со бензин и влегол на плоштадот Скендербег.

Муслиманските верници кои се молеле на плоштадот го запреле, по што полицијата го одвела, пренесуваат агенциите.

Полицијата ги испитува мотивите за неговото дело, а муслиманската заедница во Албанија тврди дека тој не е муслиман верник и дека може да биде психички болен.

Илјадници муслимански верници се собраа денес во центарот на Тирана за да се помолат за празникот Рамазан Бајрам.

МАКФАКС

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2021 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега