Драма во трговски центар во Белград: Манијак нападнал дете и се обидел да го силува во тоалет

Вистинска драма се одиграла вчера во трговски центар во Белград.

Постар човек  се обидел да силува 10 годишно девојче, влечејќи го во тоалетот, но за среќа нејзината сестра видела и можела да реагира.

Камерите во трговскиот центар, синоќа околу 19 часот го снимиле манијакот кој се обидел сексуално да го злоупотреби  девојчето и го снимиле како ја носи во тоалетот.

Според српските медиуми мажот е идентификуван и како што откриваизвор од истрагата, во тек се проверки за тоа што се случило во тоалетот на белградскиот трговски центар.

Според неофицијални информации, девојчето си играло со своите пријатели во кругот на трговскиот центар, кога мажот и пришол и и рекол да го следи. Исплашеното девојче наводно мислела дека направила нешто лошо, но мажот ја однел во тоалетот.

Според тамошните медиуми, девојчето се тресело и врескало од страв, а полицијата набрзо го блокирала целиот трговски центар и го уапсила манијакот.

Истрагата е во тек.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега