Драматично видео во Ријека: Се закануваше на жена, таа му излезе од возилото со палка

Еден маж од Ријека кој одлучил да ѝ објасни некои работи на жената во возилото пред него, набрзо избегал со брзина на светлината.

Социјалните мрежи се полни со снимки од дрски и безобразни луѓе кои малтретираат послаби од себе, само за набрзо да сфатат дека „послабиот“ на пример, е мајстор за боречки вештини.

Сега се појави едно такво слично, интересно видео од риечките улици.

Имено, кога се вклучило црвеното светло на семафорот, мажот излегол од синиот автомобил и започнал да му вика на возачот во автомобилот пред него. Но, викањето очигледно брзо му „преседнало“ бидејќи 10-тина секунди подоцна од возилото излетала бесна жена со палка во раката, која го натерала мажот да побегне од местото.

07.07.2021 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега