„Дрисла“ од денеска е на Град Скопје

Со решение од Централен регистер Дрисла веќе е Јавно претпријатие на град Скопје.
 
Утре ќе биде назначен нов В.Д. директор, а за тоа информираше скопскиот татко, Петре Шилегов.
 
- 2 години водевме прецизна правна игра за да ја вратиме депонијата. Утре ќе биде разрешен директорот на Дрисла. Во наредниот период ќе биде избран нов управен и надзорен орган. Дополнително ќе се испитува работењето на капацитетите на депонијата. Засега немам сознанија дека во Дрисла бил внесен штетен отпад, изјави Шилегов.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2020 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега