Државата со 6,5 милиони евра ќе купува апарати за коцкање

Државната видео лотарија на Македонија со народни пари ќе добие 1.500 апарати за коцкање во вредност од повеќе од 6,5 милиони евра, а договорот бил склучен на 2 јануари со компанијата „Евро Гамес Технологи“, со седиште во Софија, Бугарија. 

Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваат власта дека наместо да работи на ограничување на бројот на обложувалници и казина, таа купува апарати за коцкање, додека власта вели дека опозицијата обвинува без основа.

Пратеникот на ДУИ, Реџаил Исмаили рече дека решение за проблемот со игрите на среќа може да се најде со поддршка на предлог-законот што подолго време се одолговлекува во Собранието.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега