Дудуш доби судска опомена - „Да можев да го вратам времето немаше ова да се случи"

Курто Дудуш градоначалникот на општина Шуто Оризари денеска од судијата Ѓоко Ристов од Кривичниот суд „заработи“ пресуда судска опомена по однос на поднесената приватна тужба од тужителот Демир Исмаил за телесна повреда.

Исмаил во тужбата имаше наведено дека лани на ромски бал кој се одржувал во „Александар Палас“ бил удрен од Дудуш, а обвинетиот градоначалник на Шуто Оризари во својата одбрана пред судскиот совет рече дека настанот за се случил во афектна состојба .

– Официјално му се извинувам. Да можам да го вратам времето, ова немаше да се случи – рече кратко и јасно обвинетиот Дудуш, пренесе Слободен Печат.

Оштетениот Исмаил пак нагласи дека ќе поднесе граѓанска тужба за парична оштета против Дудуш и добиените пари ќе ги донира за децата без родители.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега