ДУИ: Албанската опозиција врши поделба на Албанците од Косово, Албанија и Македонија

Албанската опозиција конечно сфати дека на 24 април и 8 мај ќе доживее длабок пораз од Демократската унија за интеграција. Ако досега меѓусебно се обвинуваа за поразот од ДУИ, сега обвинуваат и медиуми и новинари од Албанија и Косово.

Дури и ги клевети дека се продадени за да ја заштитат ДУИ и обвинуваат опозицијата, се вели во соопштението од ДУИ.

Оттаму велат дека Аднан Азизи, организационен секретар на Движењето Беса и висок експонент на албанската опозиција, клевети дека „ДУИ троши милиони евра, пари од даноците на граѓаните, за поткуп на аналитичари и новинари од Косово и Албанија, за поткуп на локални медиуми, само за да ја спасат катастрофалниот пораз што ќе и се случи на 8 мај“.

– Демократската унија за интеграција со длабока загриженост ги следи клеветите и неоснованите обвинувања на опозицијата кон секој што размислува поинаку од неа(опозицијата), притоа повикувајќи ги нив да не вклучат структури, личности, новинари и медиуми од Албанија и Косово во предизборната кампања во Северна Македонија и да не се навредуваат медиумите и новинарите, велат од ДУИ.

Воедно, тие ја информираат јавноста дека Демократската унија за интеграција ја почитува слободата на говорот, бидејќи сметаат дека главен демократски коректор на власта се слободните и независни медиуми кои ја кажуваат вистината и само вистината. – И ставаме до знаење на опозицијата дека со клеветење на албански медиуми и новинари од Косово и Албанија, никому не му прави чест , освен на газдите со седиште во Москва и Белград. Хибридната војна координирана со ВМРО-ДПМНЕ и Левица веќе ги надминува сите предвидувања на валканата кампања на опозицијата, па ја повикуваме јавноста да ја провери секоја вест и информација што доаѓа од таканаречената „Коалиција Вреди“, велат од ДУИ.

24.03.2024 - 11:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега