ДУИ: Пропаднаа обидите на сојузниците на Левица - Таравари и Села, Касами и Хоџа

ДУИ соопшти дека по вчерашните настани е јасно дека победија граѓаните и прогресивните евроатлански сили, пријателството со Европската Унија и со Соединетите Американски Држави, а дека „лажните вести што ги пренесоа сојузниците на Левица - Таравари и Села, Касами и Хоџа - целосно пропаднаа. „Тие го немаат мандатот од народот и мора да се извинат за целиот стрес што вчера им го предизвикаа на граѓаните“, порачува ДУИ.

Со неуспехот на регресивната иницијатива за изгласување недоверба на Владата на Република Северна Македонија, уште еднаш се докажа дека не можат да победат силите кои се против НАТО и ЕУ и против пријателството со Вашингтон и Брисел, соопшти ДУИ.

Според партијата, синоќа уште еднаш се потврдила ориентацијата на Владата за интеграција со големото европско семејство, за слобода, еднаквост, реформи и добри меѓуетнички и меѓусоседски односи.

„Победи волјата на граѓаните на Република Северна Македонија, како земја која веќе го има дефинирано патот на интеграцијата, пријателството со соседните земји, пријателството меѓу заедниците кои живеат во земјата и кои имаат јасна и несомнено евроатлантска перспектива. Демократската унија за интеграција ги уверува граѓаните дека ќе остане силна на евроатлантскиот пат и ќе продолжи да работи во насока на интеграција на земјата во Европската Унија, бранејќи ја по секоја цена судбината на граѓаните и работејќи за подобар живот за сите“, се вели во соопштенуето на ДУИ.

 
12.11.2021 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега