ДУИ: Таравари безусловно кај СДСМ и ВМРО, а ги условува само Албанците

Албанците не заслужуваат толку недостоинствена и неконзистентна опозиција која поставува услови само за Албанците, додека скитаат по ходниците на СДСМ и на ВМРО само за да предизвикаат неуспех во реализацијата на националните прашања, `и порача ДУИ на албанската опозиција.

„Поднесете оставка за својата 16-та загуба по ред, бидете достоинствени и со демократски капацитет и не потценувајте ги Албанците. Неуспешните узурпатори на опозицискиот кампус својот личен неуспех го претвораат во неуспех на Албанците стоејќи на шалтерите на СДСМ и ВМРО дење и ноќе со молби албанските барања да не се реализираат.

Албанците никогаш нема да го заборават ова понижување и ова неумесно однесување на албанската опозиција, како и неразумното напуштање на Заедничката тркалезна маса на албанските парламентарни партии.

Поднесете оставка и ослободете ја опозициската сцена која многу години ја окупирате заради лични интереси.

Албанците се одлучија за ДУИ и ние имаме обврска да се грижиме и за опозициските гласачи затоа што тие не гласаа за вас да останете на приемните шалтери во ходниците на СДСМ и ВМРО, туку да го застапувате албанскиот интерес и да не работите за нарушување и неуспех“ велат од ДУИ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.08.2020 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега