ДУИ: ВМРО и АА го бранат криминалот и вршат насилство во Собранието

ДУИ обвинува дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои вршат насилство врз претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбр Адеми.

-Демократската Унија за Интеграција најостро го осудува насилството што денес на седницата на Комисијата за европски прашања во Собранието го извршија пратениците на ВМРО ДПМНЕ заедно со пратениците на Алијансата за Албанците. Секогаш кога тема на расправа и на дневен ред во Собранието е воспоставувањето правда во државата, ВМРО ДПМНЕ и Алијансата за Албанците провоцираат вербално и физичко насилство со цел да го заштитат криминалот и секогаш се појавуваат против правилното функционирање на правосудниот систем. Денес на седницата на Комисијата за европски прашања уште еднаш се докажа дека ВМРО ДПМНЕ и другите опозициски партии употребуваат насилство за да ја блокираат работата на Комисијата и тоа токму пратеници кои се под истрага поттикнаа инцидент и ја прекинаа седницата, велат од ДУИ.

Според партијата, Собранието ќе продолжи да функционира во прозападен евро-американски дух и ќе ја поддржи реализацијата на реформската агенда во партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

27.06.2022 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега