ДУИ: Заедничкиот граничен премин со Албанија кај Ќафасан, историски чекор кој не обединува околу целите за поквалитетен живот
„Демократската унија за интеграција го оценува како историски чекор пуштањето во употреба на заедничкиот граничен премин со Република Албанија во Ќафасан со една контролна точка (One Stop Shop).“- велат од ДУИ во своето соопштение.
-Овој модел на функционирање е одраз на еден прогресивен пристап на двете држави за натамошно продлабочување на меѓусоседските односи преку поедноставување на бирократските процедури и олеснување на движењето на граѓаните и стоките.
Овој систем на вршење гранична контрола е уште едно реализирано ветување од нашата програма за елиминирање на долгите колони, зајакнување на меѓусебната економска соработка и соработката во областа на туризмот.
Овој проект, заедно со најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата, Коридорот 8, ќе има огромно влијание врз подобрувањето на оперативните капацитети на компаниите и значително ќе влијае на економскиот развој на нашите земји.- стои во соопштението.
„Заедничката благосостојба е можна само кога си олеснуваме еден на друг, кога размислуваме и дејствуваме заедно без бариери на патот на заедничкиот развој.
Демократската унија за интеграција како дел од владината коалиција останува посветена на имплементација на овој современ модел на сите други гранични премини со нашите соседи.“- додаваат од партијата.
Потребно е единство за надминување на предизвиците и исполнување на целите за поквалитетен живот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа