Дураку: Не сакам да се фалам, ама оставан траен белег во унапредувањето на животната средина

Садула Дураки денеска поднесе оставка на позицијата министер за животна средина бидејќи е предложен за министер за политички систем, и во писмената оставка до премиерот Зоран Заев вели дека многу мали и големи проекти спроведени од страна на министерството во време на неговото раководење ќе остават траен позитивен белег во зачувување и унапредување на животната средина, пренесува СДК.мк. За жал, вели тој, во некои области од животната средина сè уште сме немоќни да направиме подобрување или одржување.

 

„Не би сакал да звучам нескромно, но многу мали и големи проекти спроведени од страна на Министерството, во време на моето раководење со истото, ќе остават траен позитивен белег во зачувување и унапредување на животната средина. Сепак, морам да нагласам дека, за жал, во некои области од животната средина сè уште сме немоќни да направиме подобрување или одржување“, се вели во оставката објавена од Министерството за животна средина.

 

Дураки му изрази благодарност на Заев за искажаната доверба и за доделената чест да допринесе во подобрување на состојбата во животната средина, но се пожали дека изминатиот период додека ја извршувал функцијата се соочиле со најголемите предизвици за зачувување и унапредување на животната средина.

 

„Според сегашната состојба, некои од тие предизвици успешно ги надминавме. Јас и мојот тим во изминатиот период макотрпно работевме и го вложивме целото наше знаење и способност во решавање на проблемите, но некои проблеми бараат долгорочен и системски пристап“, вели Дураки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2019 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега