Дурловски од Ресен: ВМРО-ДПМНЕ се залага Македонија да се препознае по нејзината природна убавина и гостопримство, а не по срамниот договор од Преспа

Игор Дурловски, носител на изборната единица 5 во своето обраќање во Ресен потенцираше дека му е огромна чест да се обрати од родниот град на големиот син на Македонија, Христо Татарчев, човекот кој целиот свој живот го посвети на изворната идеја за самостојна и независна  македонска држава на Балканот.

-Три години е сосема доволен период за да се запознае една власт, да се оцени колку и што умее. За изминативе три години  видовме колку умеат во економијата, во здравството, во владеењето на правото и во културата. Видовме како не успеваат да го остварат ветеното, цената што ја плативме  за нивниот неуспех е превисока. Видовме како на само неколку километри  од родната  куќата на борецот за идејата независна Македонија, два века подоцна ја погребаа државата, како со невидена леснотија ни го погазија достоинството и не обезличија. Заборавија дека гордоста на еден народ е вродено врзана за неговиот идентитет за кој велеа дека ќе биде бетониран со договорот од Преспа, истакна Дурловски.

Носителот на изборната единица 5 укажа дека сериозни предизвици бараат сериозни и одговорни политичари за да ги решат.

-Јас препознав таков тим во ВМРО-ДПМНЕ и верувам дека заедно ќе дадеме одговор и решение за суштинските проблеми на народот. Наша заедничка цел е подобрување на животниот стандард, да создадеме услови да ги задржиме младите во Република Македонија, ќе работиме на тоа да ги поттикнеме да ги вложат своите вештини и знаења во создавање на ресурси, дома. Подготвени сме да го развиеме туризмот кој ќе овозможи промоција на Македонија во светот , но и носење на светот. Ќе направиме се светот да ја запознае нејзината природна убавина и гостопримство, да ја памети по убаво, а не по срамниот договор од 17 јуни. Овој тим е решен да води принципиелна надворешна политика која ќе и го врати достоинството на Македонија, истакна тој.

Дурловски додаде дека е убеден дека граѓаните ќе ја препознаат вистинската страна и ќе  се придружат во обновата на Македонија која ќе ја спречи нејзината распродажба.

-Македонија никогаш повеќе не смее да биде предмет на пазар, ние не газиме преку црвената линија, не сме исти, рече Дурловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега