Дуровиќ-Чекиќ: Економските политики на СДСМ даваат резултати

Економските мерки и политики кои ги реализираа Владата предводена од СДСМ даваат резултати, платите се зголемуваат, македонската економија е динамична и развојна. Просечната плата во јуни годинава изнесува 28.724 денари, што е за 7 отсто, односно за 1877 денари повеќе во однос на јуни минтатата година.

Ова денеска на прес-конференција во партиското седиште го истакна претседателката на Комисијата за економија на СДСМ, Размена Дуровиќ Чекиќ. Вели дека просечната плата во последните години е зголемена за 6.000 денари.

-Просечната плата во држвата за четири години, односно од јуни 2017 година досега,  е зголемена за една четвртина, односно за над 6.000 денари. Повеќе пари кај работниците е реализација на концептот на СДСМ, парите кај граѓаните. Затоа веднаш по преземањето на мандатот ја зголемивме минималната плата, која денес изнесува 15.200 денари и ја израмнивме во сите сектори. Сите показатели потврдуваат дека македонската економија оди кон стабилни и поголеми стапки на раст, рече Дуровиќ Чекиќ.

Рече дека индустриското производство во јуни годинава во однос на лани бележи сериозна стапка на раст од 9,5 отсто.

-Извозот од државата во првите шест месеци од годинава е зголемен за 39,1 отсто, во споредба со истиот период лани. Истовремено увозот бележи раст од 38,7 отсто. Во неизвесни услови на светска пандемија и еконосмка криза, институциите предводени од СДСМ со над милијарда евра им помогнаа на граѓаните и на компаниите. Спасивме над 100.000 работни места. Помогнавме на над 400.000 граѓани и на повеќе од 35.000 компании. Севкупната економска политика на владата на СДСМ дава резултати кои секој граѓанин ги чувствува во секојдневниот живот. Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики кои обезбедуваат подобар животен стандард и брз економски раст, кои градат силна, стабилна и развојна економија, рече таа.

 

22.08.2021 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега