Два хрватски воени авиони пресретнале авион на југот на државата

Дежурни воени сили денеска меѓу 11 и 12 часот на југот на Хрватска пресретнале цивилен авион, кој влегол во хрватскиот воздушен простор.

Станува збор за патнички авион со американска регистрација, кој полетал од Грција кон Словенија, но контролата на лет не можела да воспостави радио-врска со него.

По визуелната потврда на пилотите дека во патничкиот воздухоплов има технички проблеми со радио-врската двата авиони се вратиле во базата.

15.08.2022 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега