Два велосипеди се судриле на патеката на Кеј - маж и жена однесени на Клиника

 

Две лица се здобиле со телесни повреди откако се судриле со велосипедите на патеката на кејот на реката Вардар.

-Вчера во 20:00 часот на велосипедската патека на кејот на реката Вардар во Скопје се случила незгода помеѓу два велосипеда, едниот управуван 52-годишната С.А.Д., а другиот од 35-годишниот Н.К., и двајцата од Скопје. По незгодата, велосипедистите биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на С.А.Д. ѝ биле констатирани тешки телесни,  а на Н.К. телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје- информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.07.2020 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа