Двајца кафанџии се борат за идното кафуле во „Порта Македонија“

За десетина дена ќе се знае кој и за колкава кирија ќе го стопанисува кафулето на терасата – видиковец во Порта „Македонија“, пишува Утрински весник. Според весникот, во Министерството за култура пред два дена се одржала лицитација за наем на терасата која се нуди со почетна цена од минимум 100 евра месечна кирија. За просторот се наддавале двајца заинтересирани, а конечната одлука кој ќе го презеде кафулето, надлежните ќе ја соопштат за десетина дена.

Претходно биле реализирани два неуспешни обиди да се најде закупец кој терасата во „Порта Македонија“ ќе ја направи кафуле. Овој пат почетната цена за киријата била намалена во споредба со претходните лицитации, пренесува Утрински. 

-Овој пат почетната цена за киријата беше намалена во споредба со досегашните лицитации и изнесуваше 1,73 евра за квадратен метар. Се издава простор од 172 квадрата. Така, за еден месец закупецот ќе треба да плати најмалку околу 300 евра закуп, што е за речиси 100 евра поевтино од утврдената минимална цена на претходните две неуспешни лицитации, пишува весникот.

Кираџијата кој ќе треба да го најми просторот за период од пет години. Предвидено е кафулето да работи од 1. март до 31. октомври, со работно време од 18 часот до полноќ. Закупецот ќе треба да плаќа комуналии за просторот и трошоци за одржување на скалите и на лифтот во Порта Македонија.

Како што дознава Утрински, терасата била опремена со инвентар за функционирање на кафе-бар тераса во која ќе биде дозволено служење алкохолни и безалкохолни пијалаци и топли напивки. Во кафулето нема да смее да свири гласна музика.

ФОТО: Дневник

најчитано сега