Двајца кумановци и еден велешанец уапсени откако биле фатени со дрога

Три момчиња кај кои полицијата извршила претрес, биле уапсени откако кај нив била пронајдена дрога.

„На 17.09.2020 во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на автопатот Скопје – Куманово, кај наплатна рампа Миладиновци, ги лишиле од слобода Б.А.(25) и Е.А.(27), двајцата од Куманово, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.09.2020 околу 20:45 часот на ул.„Павел Шатев“ во Велес, полициски службеници го лишиле од слобода Н.А.(28) од Велес, затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2020 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа