Двајца пациенти починаа од коронавирус во Македонија - уште 18 лица се заразени

Двајца пациенти позитивни на коронавирусот починаа во последниве 24 часа, дознава Алсат. Едниод од починатите, како што дознава Алсат е од Куманово, а другиот, чии информации дополнително беа доставени, е од Кавадарци.

Вкупниот број на починати до овој момент изнесува 28 лица.

Според информации на Алсат, во изминативе 24 часа утврдени се и 18 нови пациенти, позитивни на вирусот Ковид-19.

Поточно, 17 од тестовите се направени во Институтот за јавно здравје, а еден во лабораторијата „Авицена“.

Со ова, вкупниот број заболени во земјава е 617 лица.

Од информациите може да се забележи намалување, односно стабилизирање на бројот на новодијагностицирани случаи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега