Двајца станари тероризираат цела зграда во Аеродром: Не можам да си помогнам, а на брат ми му треба медицинска помош“

Станарите зградата на улицата „Коста Новаковиќ“ во населбата Аеродром , со години живеат во страв бидејќи се изложени на секојдневно тероризирање на двајца 29-годишни близнаци.

Проблемите со браќата Дарко и Томислав, кои ги тероризираат соседите, но и самите се во незавидна ситуација, добро им се познати на надлежните институции, пренесува А1он.

Од болницата „Бардовци“, каде што Томислав бил еднаш однесен, но побегнал по 4 дена, не даваат одговор на прашањето зошто тој повторно не е вратен на лекувањ

 

Според документите на кои се испишани одговорите од институциите до кои се обратиле станарите, очигледно е дека решенијата што ги предлагаат не се ефективни, а секој изминат ден е ризик и за станарите и за браќата.

Како што информира А1он, општина Аеродром се оградила и одговорот од таму е дека немаат никаква надлежност за случајот.

Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа со години е упатен во проблемите што ги имаат Томислав и Дарко. По смртта на нивните родители кога тие имале 11 години, старателството го презел вујко им. Кога тој починал и агресијата кај децата ескалирала, Центарот бил информиран, но од таму заклучиле дека за нив може да се грижи сестра им.

Сестрата се ислелила пред две години и од тогаш проблемот добива драстични размери.

Во многуте преписки, кои пред две години редовно почнале да ги испраќаат станарите, Центарот повторно се вклучил и дал свое мислење. Овој пат Комисијата дала препорака дека Дарко е деловно способен и може да се грижи за Томислав.

Дарко, пак, вели дека брат му има сериозно ментално нарушување и дека и тој едвај се справува со неговата агресија. Тој тврди дека би сакал да почне нормален живот и дека доколку би имал подобри услови за живеење, би можел да најде работа и да почне да живее нормално.

Надлежните во Центарот се согласни дека менталната состојба на Томислав бара медицинска грижа, но вештачење треба да се направи со налог на Основниот суд 2, па да се реши дали тој треба да биде сместен во ментална институција.

По преставката упатена до народниот правобранител во март минатата година, повторно е вклучен алармот и од таму велат дека Центарот како единствен надлежен треба да продолжи со дејства и мерки до конечно решение на проблемот.

Во низата одговори што ги добиле станарите кои реагирале до институциите главно одговорноста се префрла од една инстутуција на друга.

Инаку, тие во моментот се корисници на социјална помош од по 3.500 денари. Соседите сакале да им помогнат, им донирале и храна и покуќнина, но тие и тоа го уништиле, а оној малку мебел што го имале, го фрлале од терасата и го палеле, сведочат соседите.

Станарите тврдат дека секој ден е ризик, стравуваат дека зградата ќе биде запалена, некој може да настрада, а и прашање е до кога Томислав и Дарко ќе издржат да живеат во вакви услови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега