Двајца стружани се заканувале на пратеник преку социјални мрежи
СВР Тетово поднел кривична пријава против А.К.(35) и Б.К.(33), двајцата од струшкото село Велешта, осомничени за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, тие во мај годинава преку социјални мрежи му се заканиле на пратеник од Струга.
-На 18 мај 2025, преку апликација на социјална мрежа, пријавените упатиле закани кон С.С.(42) од Струга, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, наведува МВР во полицискиот билтен.
28.07.2025 - 13:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа