Дванаесетти ден од изборната кампања: Познато каде претседателските кандидати ќе имаат активности денеска


Со презентација на програмите на средби со граѓани и митинзи, денеска продолжува изборната кампања на претседателските кандидати за првиот круг од изборите на 24 април.

Кандидатот за претседател на коалицијата предводена од СДСМ Стево Пендаровски денеска ќе ги посети скопските општини Сарај, Чаир и Ѓорче Петров, а митинг ќе одржи во општина Гази Баба, додека кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Кривогаштани, Крушево и Прилеп.

Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Скопје, на три локации во централното градско подрачје и пред граѓаните во Гостивар, каде вечерта ќе одржи митинг.

15.04.2024 - 09:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега