Две деца искасани од кучиња скитници во Скопје

Во текот на вчерашниот ден две лица пријавиле во полициска станица каснување на малолетни деца од кучиња скитници.

Во Полициската станица Аеродром во 12 часот 52-годишен скопјанец пријавил дека на кејот на Вардар неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Додека пак вечерта во 19.30 часот во Полициската станица Гази Баба, 40-годишен скопјанец пријавил дека и неговиот син бил каснат од куче скитник на улицата Јани Лукровски.

14.06.2024 - 15:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега