Две лица избегале хотел- државен карантин во Скопје со чаршав импровизиран како јаже

Двајца турски државјани на возраст од 22 и 24 години, од кои едниот бил позитивен на коронавирусот, синоќа избегале од хотел-државен карантин во Скопје со чаршав што бил врзан како импровизирано јаже, соопшти полицијата. Двете лица се осомничени од полицијата за криумчарење мигранти, но поради позитивниот тест за Ковид-19 кај едниот од нив биле упатени во државен карантин.

-На 08.07.2020 околу 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека помеѓу првиот и вториот кат од прозорецот на хотел – државен карантин во Скопје бил забележан чаршав, кој бил врзан како импровизирано јаже. По проверка во собите од полициски службеници од СВР Скопје било констатирано дека во две соби ги нема А.Ј.(22) и А.Б.(24), двајцата од Турција, кои на 03.07.2020, врз основ на наредба, а во врска со кривичното дело ,,криумчарење мигранти“, од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица биле спроведени во државен карантин, поради позитивен тест на ковид – 19 кај едно од лицата, соопштија од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега