Две лица избодени со нож во близина на поранешните канцеларии на сатиричното списание „Шарли Ебдо“ во Париз

Две лица беа избодени денеска во близина на поранешните канцеларии на сатиричното списание „Шарли Ебдо“, а полицијата уапси двајца осомничени за нападот.

Според неименуван полициски извор, една жртва е сериозно повредена, но не е во критична состојба. Тоа се вработени во една производна компанија.

Францускиот премиер Жан Кастекс претходно изјави дека четири лица се повредени, а неименувани извори наведоа дека две од четворицата се во критична состојба.

Уапсени се двајца мажи осомничени за нападот, а за еден се вели дека е роден во Пакистан.

18-годишник, кој се обидел да избега со метро, ​​бил фатен на блискиот плоштад Бастилја, со траги од крв на лицето. Малку понатаму, уапсен е уште еден човек кој бил виден со него за време на нападот.

Засега е нејасен мотивот за нападот, како и дали има врска со сатиричниот магазин „Шарли ебдо“, кој се пресели во нови канцеларии по нападот од исламските екстремисти во 2015 година.

Судскиот процес за терористичкиот напад на Шарли Ебдо е во тек.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа