Две лица зад решетки поради убиството на матичниот лекар

Две лица се приведени за убиството на матичниот лекар Ацо Трпковски, изјави вечерва минситерот за внатрешни работи Панче Тошковски. 

Во својата изјава потенцираше дека од СВР Скопје вложиле огромна енергија во овој случај.

„Превземени се преку 20 истражни дејствија, прегледани се преку 50 камери, видео записи за овие шест, седум дена“, кажа министерот Тошковски.

Во овој момент се постапувало по наредба по судија на претходна постапка, се врши претрес на локација. За случајот МВР има осомничени луѓе, одредени материјални траги ги воделе до осомничени.

Согласно официјалните информации, 2 лица се приведени.

Мотивите за убиството на докторот не биле поврзани со неговата професија. 

За потсетување, убиениот матичен лекар е Ацо Трпковски, чие свирепо убиство ја потресе скопската населба Железара, во која скоро и да немало човек кој не го познавал. Тој со убодни рани бил пронајден во својот паркиран автомобил „Киа“ пред поликлиниката, доцна во ноќта од неговите двајца синови, кои почнале да го бараат, откако неколку часа го немало да се врати од работа.

27.03.2024 - 22:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега