Две момчиња и една девојка уапсени во Тетово откако полицијата ги фатила со дрога

Три лица биле уапсени вчера во Тетово откако при претрес, полицијата кај нив пронашла дрога.

„Вчера во околу 11:15 часот, на улица „114“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 24-годишната М.Ј. од тетовско село и 31-годишниот тетовец Б.Р. При нивен и преглед на возилото „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано и во кое тие се наоѓале, била пронајдена марихуана. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен поднесок.

Подоцна во околу 15:40 часот во с.Теарце-тетовско, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 35-годишниот Е.И. од Теарце, затоа што при преглед му била пронајдена марихуана. По расчистување на случајот против него ќе следува поднесок“, информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега