Две момчиња нападнати со остар предмет додека седеле на клупа во Скопје

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во околу 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Васил Чакаларов“, С.С.(30) и М.И.(26), двајцата од Скопје, додека седеле на клупа со Т.Ј.(23) од Скопје, биле нападнати со остар предмет од В.Б.(24) од Скопје.

Причина за нападот, според пријавеното, биле нерасчистени љубовни проблеми меѓу напаѓачот и девојка која била заедно со нападнатите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.04.2021 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега