Две момчиња се обиделе да опијанат алигатор, но тој не им останал должен

Две момчиња од Флорида се обвинети дека се обиделе да опијанат алигатор, пишува ЛАДБајбл.

За ова дело се теретат 27- годишниот Тимоти и 22- годишниот ноа. Пријавени се откако го снимиле инцидентот на 26 август.

Во полицискиот извештај е наведено сведочењето на Тимоти. Тој раскажал дека Ноа со голи раце го фатил алигаторот кој бил покрај автопатот.

Па при обид да му стави лименка во уста, Тимоти бил каснат за раката.

Момчето е уапсено на 3 октомври откако дознале дека има снимка за инцидентот, а не е позната дали е снимката објавена пред или после апсењето.

Двајцата се обвинет за малтретирање животни, иако едниот од нив го признал делото а другиот негира.

Тие се притворени, па се ослободени со кауција од 5000 долари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега