Двегодишно девојче од Србија ставено на апарати, а само допрело полнач за мобилен - таткото раскажал што се случило

Двегодишно девојче најверојатно доживеало струен удар кога го допрело полначот за телефон, поради што сега е на апарати. Стравичната несреќа се случила во вторникот на 19. мај во околу 18 часот во семејната куќа во Земун. Девојчето без свест и во тешка здравствена состојба било префрлено во Институтот за мајка и дете.

До несреќа дошло кога се разбудило и случајно го допрела кабелот.

-Мојата ќерка спиела во соба додека сопругата миеласадови. Кога се разбудила најверојатно го допрела кабелот за мобилниот телефон, после што дошло до струен удар. Дојдов од работа и детето го затекнав како лежи на под...Не реагираше. Веднаш ја земав во раце, но и понатаму не се поместуваше. Ѝ удирав шлаканици, но не вредеше. Дотрча соседот, па заедно ја ставивме во песок, но ни после тоа немаше реакција. Беше без свест - наведул потресениот татко Н.К. за Курир.рс.

Според она што го кажал, тој и соседот го ставиле детето во автомобил и итно го пренеле во болница.

-Цел пат до болница детето воопшто не реагираше. Ставена е на апарати. И срцето и дишењето ѝ работат со помош на апарати. За жал, не знам како е сега. Седев пред вратата на болницата, но ништо не смееја да ми кажат. Вчера наутро ми рекоа дека во 9 ќе ми кажат како е детето, а кога се јавивме ни рекоа да се јавиме напладне...Уште ништо не знам - рекол таткото.

Освен Е.К., брачниот пар има уште три деца.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега