Двејн Џонсон објави фотографија кога бил тинејџер – „бегаа од мене како да имам чума“

Светскиот глумец Двејн Џонсон, познат како „Карпата“, на својот профил на „Инстаграм“, објави фотографија од времето кога бил тинејџер и имал 15 години. Толку лошо изгледал што сите бегале од него мислејќи дека е полицаец на тајна задача.

„Се сеќавам на тоа посебно време кога имав само 15 години. Имав мустаќи и едвај да имав 90 килограми. Тогаш ги напуштив хавајските острови и се преселив во Нешвил. Тука завршив средно школо. Учениците и професорите се однесуваа лошо кон мене. Ме третираа како да имам чума. Сите бегаа. Мисела дека сум полицаец на тајна задача“, напишал актерот под фотографијата.

Џонсон вели дека минал долг пат и тежок пат до славата, но сега е горд на тоа што го доживеал и постигнал во животот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега