Движење БЕСА: ДУИ ги излажа наставниците, им ветија поголеми плати, а од друга страна им врши притисок

Ние го поддржуваме продолжувањето на штрајкот на работниците во образованието, велат од Движењето БЕСА во соопштението испратено до медиумите, веднаш по соопштувањето на одлуката на СОНК за продолжување на штајкот.

„ДУИ со своите ниски методи секојдневно ги лаже не само наставниците туку и граѓаните. ДУИ повторно излажа дека „наводно“ постигнале договор наставата да почне во понеделник. Иако преку партиско соопштение се пофалија на такво нешто уште пред неколку дена , но тоа не се случи. Денешниот обид за договор меѓу Владата и СОНК беше неуспешен, неприфаќајќи ги барањата на наставниците од страна на Владата“, се вели во реакцијата на БЕСА.

„Со овие постапки ДУИ се обидува да врши притисок врз вработените во образованието. Добро е да се усогласуваат ставовите во рамките на ова партија, министерот за финансии од нивните редови изјавува дека нема да има зголемување на платите, министерот за образование од истата партија изгледа нема идеја да ја менаџира ситуацијата додека ставот на ДУИ беше дека „наставата ќе започне“, во овој случај имаме три различни ставови од една иста партија, а сите три се лаги затоа продолжувањето на штрајкот на СОНК е правилна одлука и има целосна поддршка од Движењето БЕСА“, додаваат од Движењето БЕСА во реакцијата.

 

 

17.04.2022 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега