Движење БЕСА: Владата ја води државата во банкрот

Мерките за ублажување на економската криза кои истекоја на полноќ, докажуваат дека Владата се обидува да ја држи државата „на апарати“.

Краткорочниот популизам сериозно ѝ штети на економијата на земјата, а дека државата е пред банкрот и буџетската каса е празна, докажува фактот што не беа преземени мерки навреме и не беа предложени други конкретни чекори за ублажување на економската криза.

Владата нема визија да го ублажи поскапувањето на основните производи, почнувајќи од струјата и нафтените деривати. Со парите на граѓаните управуваат неодговорни луѓе кои секојдневно го осиромашуваат народот и ја туркаат државата во длабока криза.

Мора под итно да го запреме ова и да не дозволиме судбината на народот и идните генерации да биде во рацете на актуелната Влада, која е заглавена во криминал и корупција. На државата и требаат одговорни луѓе кои чесно и транспарентно ќе ги водат институциите, затоа најдобар начин да се запре ова лошо управување со финансиите на државата, е што поскоро да се оди на предвремени парламентарни избори.

Центар за комуникации Движење БЕСА

01.06.2022 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега