Џафери до пратениците: Седете во салата дур трае паузата, не морате сите чопоративно да излегувате

 

Претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери, за време на конститутивната седница, побара од пратениците за време на паузата да останат на своите места и да не излегуваат од салата, со цел да нема групирање и да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

„За да не излегуваме од салава, поради безбедносни причини, предлагам да останеме овде и по потреба, ако има некој индивидуална потреба, може да излезе. Но, да останеме тука и пратениците да се запознаат меѓусебно колку што ни дозволуваат условите. Треба да се одржи и дистанцата, бидејќи сите разбираме во каква ситуација се наоѓаме и ве молам да поразговарате на ваши места, индивидуално“, кажа Џафери.

Но, скоро никој не го послуша.

„Не морате чопоративно сите да излезете“, посочи Џафери.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега