Џафери: Јас немам добиено никаква оставка

На прозивката од пратеникот Антонио Милошоски, тој да има поголема совест од премиерот Зоран Заев и одлуката за оставката на министерот за здравство Венко Филипче да ја стави на гласање, Џафери одговори дека како претседател на Собранието не може да се раководи според совеста, туку според процедурите, Уставо и собранискиот деловник.

– Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата. За предлог за разрешување одлучува Собранието на првата наредна седница. Доколку претседателот разреши 1/3 од членовите на Владата од првобитниот состав, тогаш Собранието одлучува како за нова влада. Уставот пишува за изричита надлежност на премиерот, а не на пратеници. Претседателот на владата членови на владата може да поднесат оставки. Предлогот за оставка треба да се достави до Собранието. Јас немам добиено такво нешто. Ако има таков материјал, веднаш сум должен да го доставам до вас. Што да доставам кога јас ништо не сум добил – рече Џафери.

14.09.2021 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега