Џафери не го коментира барањето на ВМРО-ДПМНЕ за свикување на итна седница за разрешување на Филипче

Претседателот на Собранието Талат Џафери нема да го коментира барањето на ВМРО-ДПМНЕ за свикување на итна седница со цел разрешување на Министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик, Илир Хасани.
Како што информираат од неговиот кабинет, до овој момент ВМРО-ДПМНЕ нема официјално поднесено барање за свикување на седницата поради што, Џафери нема да коментира како што велат од неговиот кабинет, „Политички изјави“
„До сега официјално немаат поднесено барање за свикување на итна седница и затоа нема да има став од страна на Претседателот Џафери. Како и до сега, Џафери не коментира политички изјави до моментот кога ќе достават официјално“ велат од кабинетот на Џафери.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски утрово на прес конференција изјави дека неговата партија ќе побара итна седница на Собранието со единствени точка на дневен ред, разрешување на Филипче и неговиот заменик.
Согласно собранискиот Деловник, за свикување на итна седница потребен е потпис од 20 пратеници.

 

06.10.2021 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега