Џафери: Нема потрес во Влада, потресот е кај еден од министрите

 

Новиот технички премиер Талат Џафери, во интервју за Дојче Веле изјавил дека немало потрес во Владата, туку кај еден од учесниците во неа.

„Јас не се согласувам дека се случил потрес во Владата. Потресот е кај еден од учесниците во Владата, и тоа е работа на субјектот кој што се соочува со тоа. Работата во Владата се одвива во рамки на она што е во надлежност и обврска на Владата. Владата потполно функционира. Преземени се соодветни активности и мерки по однос на решавање на статусот на членови во Владата соодветно на процедурата која што е пропишана и надлежностите дадени со Устав и со закон“, кажал Џафери во интервју за Дојче Веле.

 

 

08.02.2024 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега