Џафери: Oбезбедувањето на Собранието треба да биде самостојно

Собранискиот спикер Талат Џафери, вели дека обезбедувањето на Собранието треба да е самостојно.

- „Ние скоро две години работиме со Владата и двете министерства. Намерата не е ние да докажуваме дека сме апсолутно издвоени од целиот систем, туку да се има координација и самостојност при одлучувањето во односните општи правила кои што се пропишани со системскиот закон. Врз база на тие аргументи успеавме да ги решиме овие проблеми“, вели за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“ претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери.

Додава дека сега со законот за државни и јавни службеници имаме обединет систем на државната служба и онаму каде што има специфични форми се доуредува како што е случај со Собранието.

- Идејата за собраниско обезбедување постои и ние активно работиме и на тој дел околу осамостојување на Собранието, но имајќи предвид на специфичноста и овластувањето кое што го има обезбедувањето и фактот дека сега за сега тие доаѓаат од Министерството за внатрешни работи и се ставени под капа на Собранието, според мене проблемот во функционирањето на внатрешното обезбедување е во дуалноста на наредбодавните овластувања кои што ги има претседателот на Собранието и министерот за внатрешни работи или раководителот на секторот за обезбедување на лица и објекти, вели тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега