Џафери од Екогерила: Ни понудија 1/4 милион и да ја затвориме устата за Југохром
Во синоќешното издание од дебатниот магазин Click Plus на ТВ21, Арианит Џафери од Екогерила рече дека им било понудено од одредени луѓе без да споменува имиња 1/4 од милион само да не зборуваат за Југо хром.
Тој кажа дека имало обиди и од Анѓушев и Дураку да се отвори Југохром во Тетово.
„Ние не подлегнавме на притисоците. Имавме и понуди, но и притисоци само за да не протестираме, но ние не прифативме ништо', заклучи Џафери.
19.11.2019 - 07:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа