Џафери свика координација: Граѓаните самите ќе проценат од снимките кои се вртат по социјалните мрежи кој го предизвика инцидентот

Собранискиот спикер, Талат Џафери свика итна координација со координаторите на пратеничките групи, но таму не присуствувале претставниците на опозицијата.

-На  поканата се одзваа координаторот на Пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и пратеничката од   Алтернатива, Сафије Садики Шаини. Иако поканети, не присуствуваа претставниците од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и од Алијансата на Албанците, велат од Кабинетот на Џафери.

Во соопштението се вели дека координацијата е свикана откако членовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ по цели два часа со процедурални забелешки се спротивставија да се изгласа дневниот ред, тој сепак бил изгласан.

-На координацијата беше донесен заклучок дека собранискиот Деловник ги дава сите можности за работа на Собранието и не дозволува насилство во која било форма. На координацијата  исто така се заклучи и тоа дека граѓаните самите ќе проценат од снимките кои се вртат по социјалните мрежи кој го предизвика инцидентот на Комисијата за европски прашања.  Ниту во земјите членки на Европската Унија не се дозволува насилство врз претседавачот со седница на работно тело на Собранието, велат од Кабинетот на Џафери.

 

27.06.2022 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега